Руската воздушна одбрана синоќа собори 217 украински беспилотни летала, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека беспилотните летала биле погодени над регионите Белгород, Брјанск, Воронеж, Владимир, Калуга, Курск, Ленинград, Липецк, Нижни Новгород, Новгород, Орел, Рјазан, Смоленск, Твер, Тула, Јарослав, како и над Москва, Московската област и Санкт Петербург.
Девет области од Херсонската област останаа без електрична енергија по нападот со украински беспилотни летала, изјави гувернерот Владимир Салдо.
Тој објави на „Телеграм“ дека енергетските инженери и службите за итни случаи се на местото на настанот.
Од украинската страна и други независни извори нема потврда на ова тврдење.
