Санкциите воведени како одговор на руската инвазија на Украина предизвикаа националните авиокомпании да загубат 79 од нивните комерцијални авиони, речиси 10 отсто од нивната комбинирана флота, објави Си-Ен-Ен.
Санкциите бараат меѓународните компании за лизинг на авиони кои ги поседуваат авионите да ги вратат до крајот на март. Сите киднапирани авиони во тоа време биле надвор од Русија и лизинг компаниите или ги вратиле или го започнале процесот на суд.
Кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари, руските авиокомпании имаа 861 комерцијален авион, и патнички и карго. Нешто повеќе од половина од овие авиони, со проценета пазарна вредност од 9,2 милијарди долари, беа во сопственост на неруски лизинг компании.
Руската воздухопловна индустрија зависи од авионите што ги произведуваат компании како што се Боинг и Ербас, но авионите се главно во сопственост на американски и европски компании за лизинг.
Соединетите држави и поголемиот дел од Европа го затворија воздушниот простор за Русија речиси веднаш по инвазијата, а повеќето од авионите за кои станува збор останаа во Русија или брзо полетаа назад таму.
Кремљ минатиот месец објави дека ги национализирал сите авиони што лизинг компаниите се обидувале да ги вратат и ја презел контролата над речиси 500 авиони кои биле во Русија.
Повеќето големи лизинг компании, вклучително и Air Lease Corp. (AL), Aviation Capital Group, Avolon и SMBC Aviation Capital одбија да коментираат за авионите што ги одзеле или за активностите на Русија за национализирање на авионите кои се уште се во земјата.
Дури и некои лизинг компании во земји кои не воведоа санкции кон Русија, како што се Кина и Обединетите Арапски Емирати, се обидуваат да вратат што е можно повеќе авиони. Тоа е затоа што авионите кои остануваат под руска контрола се во суштина бескорисни поради другите санкции наметнати од Европа и САД.
