Русите вратија три села во регионот Курск, Зеленски изрази загриженост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана на Русија, денеска соопшти дека руските војници ги презеле селата Викторовка, Николаевка и Стараја Сорочина од украинските сили во западниот регион Курск.

Руската војска се бори за дислокација на украинските сили од Курск од минатата година, кога силите на Украина започнаа молскавична акција преку границата со Русија, и зазедоа дел од руската територија.

Во август минатата година, украинските сили извршија ненадеен упад во овој регион, заземајќи дел од територијата. Сега Русите го искористија пробивањето на украинските одбранбени линии во близина на градот Суџа, кој е под контрола на Киев. Една од украинските единици, наводно, ги напуштила своите позиции, што му овозможило на непријателот да ги зајакне своите трупи и систематски да започне офанзивни операции.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост за актуелната ситуација, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на воздушната одбрана и зголемување на санкциите против Русија за да се заштитат животите и да се обезбеди безбедноста на земјата.

ФОТО: Архива