Руски авион исчезна од радар, претходно испратил сигнал за помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Росавијација е во потрага по лесен повеќенаменски авион Ан-2 кој испратил сигнал за помош во руската република Јакутија, објави денес Руската федерална агенција за воздушен транспорт.

Според првичните информации, во авионот Ан-2 имало пет лица , двајца пилоти и тројца специјализирани набљудувачи, се наведува во извештајот, пренесува Тас.

Авион за пребарување и спасување на „Росавијација“ , хеликоптер Ми-8 со спасувачи, полета во потрага по исчезнатиот Ан-2.

Јакутија е најголемата руска автономна република, која се протега на целата територија на Источен Сибир.