Руски воени авиони синоќа накратко го нарушија воздушниот простор на Литванија, објави претседателот на земјата, Гитанас Науседа, нарекувајќи го инцидентот јасно кршење на територијалниот интегритет на земјата членка на ЕУ и НАТО.
„Ова е јасно кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија “, напиша Науседа на мрежата X, објави АП.
Министерството за надворешни работи на Литванија планира да ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус за да изразат протест поради инцидентот.
Литванските вооружени сили наведуваат дека два руски воени авиони – Су-30 и Ил-78, влегле во литванскиот воздушен простор на околу 700 метри околу 18:00 часот по локално време и го напуштиле по околу 18 секунди.
Се верува дека авионите изведувале вежби за полнење гориво во руската енклава Калининград. Два шпански борбени авиони, дел од мисијата на воздушната полиција на НАТО, веднаш полетале и интервенирале.
Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Литванија, и кажаа дека авионите летале над Калининград во согласност со правилата и не ги прекршиле границите на другите држави.
Фото: Архива
