Руски воен хеликоптер се урна во регионот Калуга

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски воен хеликоптер Ми-28 се урна во регионот Калуга југозападно од Москва, при што загина неговиот екипаж, јави Ројтерс, цитирајќи руски медиуми.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека причина за несреќата најверојатно е техничка неисправност.

Не е познато колку луѓе имало во авионот, но хеликоптерите Ми-28 вообичаено имаат двајца екипаж.