Судот во Москва нареди Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, да биде уапсена во отсуство, изјави нејзината портпаролка Кира Џармиш, пишува Си-Ен-Ен.
Окружниот суд Басман во Москва го обвини Навални за „учество во екстремистичка организација“, рече Џармиш во објава на социјалните мрежи.
Алексеј Навални почина на 16 февруари во Сибир каде отслужувал 19-годишна затворска казна, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активисти и други злосторства во август.
Тој веќе одлежа 11 и пол години во затвор под обвинение за измама и други злосторства за кои секогаш негираше и тврдеше дека се политички мотивирани.
