Најмалку три лица се повредени вечерва кога руските сили го гранатираа центарот на градот Херсон на југот на Украина, соопшти Регионалната државна администрација на Херсон.
„Околу 20:20 часот, руските воени сили го гранатираа централниот округ на Херсон. Две лица се повредени како резултат на непријателскиот напад“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
Педесет и петгодишен маж и дваесетгодишна жена се здобиле со повреди и контузии од експлозијата, објави Укринформ.