Руско МО: Го напуштивме Змискиот остров во знак да добра волја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руските сили се повлекоа од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина.

Змискиот остров, што Русија го окупираше на првиот ден од инвазијата, стекна светска слава кога украинските граничари кои беа таму го одбија барањето на руски воен брод за предавање.