Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков пристигнал во обвинителството, потврдува обвинителката Вилма Рускоска за ТВ21.
Таа вели дека Мијалков пристигнал сам во Обвинителството за да си го подигне решението за куќен притвор.
Инаку, министерството за внатрешни работи вчера објави меѓународна потерница по Мијалков, откако полиција не го пронашла за да му го врачи решението за куќен притвор.
