Обвинителката Вилма Рускоска до партијата ВМРО-ДПМНЕ испратила опомена бидејќи таа и еден судија се наоѓаат во последно објавените изборни спотови.
„Станува збор за опомена пред поднесување на тужба за клевета. Според закон, мора првин да се испрати опомена, пред да се поднесе тужба. Мене не ми е јасно според мене е недозволиво, обвинител, па сега и судија да се ставаат во предизвоборна политичка кампања. Никогаш не сум била член на ниту една политичка партија, што може лесно да се провери. Јас сум единствен обвинител кој од осамостојување па до сега има поднесено обвинение за потпретседател на Собраниет од тогаш владејачката партија. И зошто ме споменуваат спотовите навистина не ми е јасно, но сметам дека е недозволиво“, изјави Рускоска за ТВ21.
Сега обвинителката бара од партија да се извини и да го повлечи спотот од емитување, а доколку тоа не се случи ќе биде поднесена и тужба.
Рускоска додава дека очекува да реагираат ДИК и АВМУ на ваквите спотови пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ.