Руте: Денеска разговарав со Зеленски, заслугите на Трамп мора да се признаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, изјави дека денеска два пати разговарал со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ден после неговата тензична средба со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Руте напомена дека „не е во можност да открие што разговарал со Зеленски“, но се согласиле дека „мора да се почитува она кое Трамп го направил за Украина досега“.

Руте рече дека Зеленски мора да најде начин да го обнови односот со Трамп, после вербалната караница вчера во Белата куќа.