Руте: Имам доверба во Трамп дека може да постигне траен мир во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека има доверба во американскиот претседател Доналд Трамп кога станува збор за постигнување траен мировен договор меѓу Украина и Русија.

Тој додаде дека смета дека е „одлично“ што украинските и американските претставници минатата недела се договориле за предлогот за прекин на огнот во Саудиска Арабија.

Руте, во интервју за Си-Ен-Ен, истакна дека мисли дека Трамп не му верува премногу на рускиот претседател Владимир Путин.