САД бараат протерување на руски вработен во ОН обвинет за шпионажа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД ги повикаа Обединетите нации да протераат вработен кој наводно работел како „руски разузнавач“, изјави денеска американски дипломат за западни медиуми.

– САД „иницираа барање за заминување на еден руски разузнавач кој работи во Обединетите нации, кој ги злоупотребил привилегиите за престој во САД“, изјави портпарол на американската мисија во ОН.