САД: Две лица загинаа при пукање во зграда за стари лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа денеска при пукање во станбена зграда во која живеат постари граѓани во Мериленд, во близина на Вашингтон, а еден осомничен е во притвор, соопшти локалната полиција.

Пукањето се случило утрово околу 9.15 часот, а полицијата првично соопшти дека трага по други жртви или осомничени и оти луѓето треба да се засолнат, но подоцна на Твитер објави дека еден осомничен е во притвор и оти нема закана за заедницата.

Пред апсењето, едно училиште во близина било привремено затворено како мерка на претпазливост.

Селото Геjтавеј ја опишува зградата на својата веб-страница како станбен комплекс лоциран на околу осум километри источно од округот Колумбија, како прифатлива зграда за луѓе на возраст над 62 години со апартмани со една спална и две спални соби.