САД го нападна Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски авиони нападнаа три нуклеарни постројки во Иран – во Натанц, Исфахан и објектот за збогатување ураниум во Фордоу, кој се смета за една од најважните цели за Израел во неговиот тековен конфликт со Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД извршиле напади што „целосно и тотално ги уништиле“ клучните постројки за збогатување ураниум во Техеран.

Тој му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, објави ДПА.

Израел започна кампања на 13 јуни, велејќи дека има за цел да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Техеран постојано негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и вели дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.