САД го протеруваат вториот по ранг дипломат од руската Амбасада во Вашингтон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 САД го протераа вториот по ранг руски дипломат во Вашингтон како одмазда за протерувањето на американскиот дипломат број 2 во Москва, јавија американските медиуми.

Официјалниот претставник рече дека Стејт департментот ја известил руската Амбасада дека го протерува   Сергеј Трепелков, кој моментално е втор по ранг во мисијата под амбасадорот Анатолиј Антонов. Русија го протера заменик-шефот на мисијата на САД, Барт Горман од Москва во средината на февруари.