Американците се подготвуваат да го прослават својот официјален празник – Денот на независноста.
4 јули го одбележа усвојувањето на Декларацијата за независност во 1776 година, во која се наведува дека 13-те колонии повеќе не се дел од Британската империја, туку се „слободни и независни држави“.
Празничната атмосфера почна да се чувствува веќе во среда на 3 јули. Обично тоа е слободен ден за Американците. Се собираат на скари и плажи.
И ако деновите се мирни за граѓаните, во политиката беснеат страстите.
Остануваат уште 4 месеци до претседателските избори. По слабиот настап на Бајден во дебатата со Трамп, тој сега се обидува да ги убеди врвните демократи на Капитол Хил дека е подготвен за реизбор.
Кај републиканците на дневен ред е прашањето кого Доналд Трамп ќе го избере за потпретседателски кандидат.
Се очекува Трамп да ја соопшти одлуката пред републиканската конвенција следниот месец.
