Франција и САД планираат втора заедничка мисија на координирани сателитски маневри во орбитата, објави денес Ројтерс.
„Моментално планираме соработка со Франција. Од сите влади во Европа, таа троши најмногу на вселената. Може да следат понатамошни операции со други нации. Можам да видам дека правиме повеќе“, рече генерал-потполковник Даглас Шис, командант на компонентата на американските вселенски сили што соработува со Вселенската команда на тајни воени вселенски операции, во интервју за Ројтерс.
Операцијата ќе биде третата позната мисија на Пентагон во вселената со сојузниците, по првиот заеднички маневар со две вселенски летала во орбитата кон крајот на минатата година, во кој учествуваше и Франција.