Американските воздухопловни сили отворија истрага откако беа откриени човечки останки во делот за шасија на транспортниот авион Ц-17 на американските воздухопловни сили, кој полета од Кабул, јави Би Би Си.
Претходно, беше соопштено дека тело на Авганистанец било пронајдено во едно од тркалата на американски транспортен авион Ц-17, неколку часа откако полетал од меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи” во Кабул.
Порталот „Политико” информираше дека поради тоа авионот привремено бил во неисправна состојба.
