Официјален Вашингтон денеска најави можност за нови економски санкции против Белорусија во остар говор пред Советот за човекови права на ОН во Женева.
САД во мај најавија целни санкции против членови на белоруската Влада по присилното слетување на патнички авион и апсењето на опозицискиот новинар Протасевич кој беше на тој лет.
– Таквото непочитување на меѓународните норми не може да остане без одговор, рече денеска американскиот делегат во Советот на ОН, опишувајќи го инцидентот како „мачен”.
– Ќе разгледаме понатамошни активности по потреба, додаде тој, алудирајќи на санкции.
