САД побараа итно ослободување на Владимир Кара-Мурза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Администрацијата во Вашингтон ги повика руските власти веднаш да го ослободат рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза.

– САД се загрижени од тоа што се случи со задржувањето на истакнатиот лидер на граѓанското општество Владимир Кара-Мурза. Внимателно ја следиме ситуацијата и настојуваме со повик за негово итно ослободување, се вели во изјавата на државниот секретар Ентони Блинке објавена синоќа на Твитер.

реклама

Кара-Мурза е жесток критичар на рускиот воен напад на Украина. Минатиот месец, скоро по почетокот на инвазијата, тој и други опозиционери и граѓански активисти го создадоа Антивоениот комитет на Русија. Комитетот ја повика меѓународната заедница да го објави за „воени злосторници“ политичкото раководство на Русија кое даде наредба за почеток на воените напади на Украина.

Кара-Мурза беше задржан синоќа на улица пред неговата зграда. Адвокатот на задржаниот, Вадим Прохоров, напиша на Фејсбук дека опозиционерот може да добие 15 дневен притвор. Адвокатот соопшти дека не му било дозволено да го види својот клиент.

реклама

Хелсиншкиот комитет на САД исто така повика на ослободување н Кара-Мурза.

– Ние сме вознемирени од задржувањето во Москва на Владимир Кара-Мурза, кој не е злосторник а вистински патриот носен со потенцијалот за демократска иднина за Русија и слобода за нејзиниот народ. Тој мора да добие адвокат и треба веднаш да биде ослободен, се вели во изјавата на комитетот. 

реклама
реклама
реклама