Американската амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким, рече дека нејзината држава е подготвена да и помогне на Албанија во справувањето со „тешката ситуацијата низ која минува по обилните дождови”.
Ким во објава на социјалните мрежи изрази и сочувство до семејството на две лица кои го загубија животот како последица на невремето.
Преку објава на Твитер, осврнувајќи се на трагедијата на семејството Рушај, кога татко и син ги загубија животите откако возилото со кое патуваа вчера беше повлечено во надојдена река кај Голема Малесија, Ким пишува дека е тажна поради смртта и изразува сочувство до членовите на семејството.
– Тажни сме поради смртните случаи и штетите предизвикани од разорните поплави во северна Албанија. Изразуваме сочувство до семејството на оние кои ги загубија своите најблиски и почит кон оние храбри Албанци кои им помагаат на своите сограѓани. Подготвени сме да дадеме соодветна поддршка и помош, наведува .Ким.
Во меѓувреме состојбата со поплавите се влошува поради дождот кој непрекинато врне, што услови зголемување на бројот на евакуирани семејства.
Посебно проблематична е состојбата во подрачјето на Скадар и Лежа каде зголемен е бројот на ангажирани припадници на армијата од 100 на 240 кои со 25 моторни возила и соодветна опрема им помагаат на другите структури.
Поради присуство на вода во куќите, евакуирани се 58 семејства со над 250 членови.
