САД се пласираше во 1/16 финале, победи за Мароко и за Бразил, Турција елиминирана од Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на САД ја оствари втората победа на Светското првенство, и така се пласираше во 1/16 финалето. Селекцијата на САД со 2-0 ја совлада Австралија, и така со шест бодови го зазеде првото место во групата Д.

Победникот беше решен во првиот дел, откако Бурџес во 11. минута си постигна автогол, а Фримен во 43. минута донесе 2-0, што беше и конечен резултат на мечот.

Мароко со гол во 71. секунда ја совлада Шкотска со 1-0. Саибари уште во 2. минута го постигна голот вреден три бода, и веројатно пласман во следната фаза.

Бразилската репрезентација исто така направи чекор кон следната фаза откако со 3-0 го совлада Хаити. Два гола постигна Куња, додека еден даде Винисиус. Сепак, Бразилците се во паника поради повредата на Рафиња.

Турција испадна од Мундијалот, откако со гол во 65. секунда загуби од Парагвај. Со тоа на Турците им останува само да го одиграат мечот со САД, и да си заминат дома.