САД испратија честитки до народот на Косово по повод 14 годишнината од прогласувањето на независнота на државата.
Во соопштението објавено денеска од државниот секретар Ентони Блинкен, се вели дека САД ја поддржуват земјата во изградба на подобра иднина а „трајното партнерство меѓу САД и Косово е базирано на споделените демократски вредности“.
-Како една од најмладите демократии во светот, Косово и неговите граѓани се во право кога се гордеат за прогресот постигнат во изминатите 14 години, изјави Блинкен.
-Се надеваме земјата да заземе правично место покрај своите соседи во европските и евроатлантските институции, и ја истакнуваме нашата поддршка за дијалогото модериран од ЕУ како начин да се постигне договор за нормализирање на односите (со Србија) насочен кон заемно признавање, се вели во соопштението.
