САД спроведоа експеримент за подобро откривање на нуклеарни експлозии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската Национална управа за нуклеарна безбедност (NNSA) денеска спроведе подземен експеримент со хемиски високоексплозивни материи, без нуклеарна компонента, со цел унапредување на способноста на САД за откривање нуклеарни експлозии со мала јачина, соопшти американското Министерство за енергетика.

Експериментот бил насочен кон подобрување на способностите за откривање на таканаречена „декуплирана“, односно изолирана експлозија. Станува збор за вид тестирање за кое Вашингтон тврдеше дека Кина го спровела во јуни 2020 година, со цел да ја намали ефикасноста на сеизмичкиот надзор.

САД претходно годинава го обвинија Пекинг дека во 2020 година извршил таен нуклеарен тест и повикаа на нов, сеопфатен договор за контрола на вооружувањето.