Американските сили уништија три беспилотни површински бродови на Хутите поддржани од Иран во Црвеното Море во последните 24 часа, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ), цитирана од Ројтерс.
Одделно, Хутите истрелаа три противбродски балистички ракети во Аденскиот Залив, но не предизвикаа жртви или значителна штета пријавени од САД, нивните партнери или трговски бродови, додаде ЦЕНТКОМ.
Централната команда на американската армија ги отфрли како „категорично лажни“ неодамнешните тврдења за успешен напад на силите на Хутите врз носачот на авиони Двајт Ајзенхауер.
