Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции за Иран, соопшти денеска американското Министерство за финансии, два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД планираат директни преговори со Техеран за иранската нуклеарна програма. Американското Министерство стави пет субјекти и едно лице на списокот со санкции во Иран „за поддршка на иранската нуклеарна програма“, пренесува Ројтерс. „Меѓу назначените групи се и Организацијата за атомска енергија на Иран и нејзината подружница Иранска технолошка компанија за центрифугирање“, соопшти американското Министерство за финансии.
