САД воведоа нови санкции против поединци и компании поврзани со Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД издадоа нова рунда санкции поврзани со Иран, насочени кон десет поединци и 27 субјекти, вклучувајќи најмалку две компании за кои тврдат дека се поврзани со иранската Национална компанија за танкери, објави денес Министерството за финансии на САД.

Санкциите, кои се насочени кон иранските граѓани и некои субјекти во Обединетите Арапски Емирати и Хонг Конг, беа објавени во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи на постигнување нов нуклеарен договор со Техеран, објавува Ројтерс.

Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии ги додаде компаниите „Ace Petrochem FZE“ и „Moderate General Trading LLC“, обете регистрирани во ОАЕ, на својот список на субјекти чии средства во САД ќе бидат замрзнати.