САД воведоа санкции за Додик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

САД  воведоа санкции против лидерот на босанските Срби Милорад Додик, соопшти американското Министерство за финансии.

Санкции се воведени и за телевизијата Алтернативна која е во сопственост на компанија поврзана со синот на Додик.

Босанските Срби ја блокираа работата на државните власти, а пратениците на Република Српска гласаа за почеток на повлекување на ентитетот со мнозинство српско население од заедничките институции.