Сали: Приоритет е да ги претвориме европските политики во практични дигитални решенија за граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршка на општините на општините во процесот на европската интеграција, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали дече дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво.

„Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, Реформската агенда и ИПА програмите – во практични дигитални решенија за општините, како што се е-дозволи, дигитално урбанистичко планирање, локални даночни системи и услуги за животна средина“, истакна Сали.

Тој додаде дека Министерството работи на воспоставување на стандардизирана дигитална архитектура, која ќе овозможи интероперабилни системи, заеднички платформи и усогласеност со европските стандарди, со што ќе се избегне фрагментација и ќе се намалат трошоците.

Во однос на поддршката за општините, министерот потенцираше дека фокусот е ставен на конкретни механизми, вклучително и техничка помош преку ИПА, поедноставување на процедурите и развој на советодавни и координациски платформи.

„Целта е јасна – да го затвориме јазот помеѓу идеите и имплементацијата, и да обезбедиме проектите да се претворат во реални услуги за граѓаните и бизнисите“, нагласи Сали.