Само ДУИ без предлог за избори – ДПА и АА ја обвинуваат ДУИ за политички калкулации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ставот на ДУИ за датум за избори од почетокот беше дека се подготвени за избори и дека доволно е да се постигне консензус меѓу партиите. Но лидерот на ДПА, Мендух Тачи вели дека Ахмети во јавноста зборува едно а на лидерските средби, друго.

„Али Ахмети кој секогаш вели дека е за консензус, се фали а тој всушност никогаш не покажал подготвеност за делење на власта туку се стреми кон власт и имање власт, што е уште една манипулација. Јавноста го гледа ставот на Ахмети кој не дава датум, а на лидерските средби и со раководителите на институции ве потсетувам дека Талат се спротивстави на повторното собирање на Парламентот. Ако тоа не се направи, задолжително, со процедура се оди на избори по 22 дена“, истакна Мендух Тачи.  

И Фљакрон Беџети од АА рече дека  ДУИ калкулира со двете партии во врска со датумот за избори за да не ги расипе односите со ниту една од нив.

„ДУИ е секогаш неутрална, бидејќи сака да си ја зачува позицијата и во случај ВМРО да дојде на власт, да има некаква комуникација. Имаме датум од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ кои се дијаметрално различни, а за датум ние предлагаме да биде во јули, средината, што е многу добро. Што доколку вие го поддржите тој датум?“, посочи Фљакрон Беџети.

Ваквите обвинувања ги негираше Крешник Бектеши. Според него ДУИ не прави политички калкулирања.

„Ние сме подготвени доколку има консензус и оваа недела да излеземе на избори бидејќи ние сме сигурни дека ќе ја добиеме довербата на граѓаните, не правиме политички калкулации“, додаде Крешник Бектеши.

Лидерите на политичките партии одржаа две средби кај претседателот на државата, Стево Пендаровски со цел да постигнат договор за датум за избори, но двете средби завршија без договор.