Самобуствен напад на школски автобус во Пакистан, загинаа четири деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку четири деца загинаа, а 38 други се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз училишен автобус во југозападен Пакистан, соопштија локалните власти.

Нападот се случил во округот Куздар, во покраината Белуџистан, додека автобусот превезувал деца на училиште, потврди локалниот заменик-комисар Јасир Икбал, објави АП.

Иако никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, осомничени се етничките Белуџи сепаратисти кои често вршат напади врз цивили и безбедносни сили во регионот.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мошин Накви, остро го осуди нападот, нарекувајќи ги сторителите „ѕверови кои не заслужуваат милост“.

ФОТО: Архива