Санкционирани 357 прекршоци за неносење заштитни маски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.07.2020 година) на територијата
на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење
лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството
за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и
протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.