Сарафов категорично ги отфрли верзиите за полни туби со гориво

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов денеска на прес конференција категорично ги отфрли верзиите за терористички акт и полни туби со гориво, како можни причини за несреќата.

„Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт“, изјави Сарафов.