Сарафов: Очевидци на настанот нема ниту еден!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов денеска на прес конференција посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење.

Сарафов нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, и дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

„Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница“, изјави Сарафов.