Сашо Мијалков спроведен во Шутка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, попладневно беше спроведен во затворот Шутка, откако Судот му одреди мерка затворски притвор.

Судот го прифати предлогот на обвинителството да му се одреди притвор на Мијалков, обвинет во „Таргет Тврдина“ кој денеска доби пресуда затвор во траење од 12 години.

Досега за Мијалков имаше мерка куќен притвор. Во миговите кога требаше да му биде врачена одлуката, него полицијата не го најде дома, по што имаше дводневна потрага по екс шефот на УБК.

Тој во вторникот самиот се појави во обвинителството да го подигне решението за куќен притвор, и притоа изјави дека бил изолиран поради симптоми на коронавирус и висока температура.