Саудијците за победата над Аргентина ќе добијат автомобили од 450.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САУДИСКА АРАБИЈА сензационално ја победи Аргентина со 2:1 во првото коло на Светското првенство.

Во сабота од 14 часот Саудијците играат против Полска, а во случај на победа можат да дојдат на дофат за пласман во осминафиналето, што би било апсолутна сензација на Мундијалот, бидејќи сите предвидуваа рана елиминација за Саудијците.

Најевтиниот модел на автомобил

Саудиските медиуми пишуваат дека нивните репрезентативци ќе бидат богато наградени за победата над Аргентина. Кралското семејство ќе ја испочитува победата против фаворитите на турнирот со тоа што на секој играч ќе му подари автомобил Ролс-Ројс Фантом, објави саудискиот принц Мохамед бин Салман. Станува збор за најевтиниот модел на Ролс Ројс од сите произведени во 2022 година. Овој автомобил чини 450 илјади евра.