Саудискиот крал прогласи државен празник поради победата над Аргентина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Саудиска Арабија забележа сензационална победа од 2:1 над Аргентина на отворањето на Светското првенство во групата Ц.

Иако нејзините играчи губеа на полувремето, не се предадоа и во вториот дел направија пресврт против фаворизираните Аргентинци.

Победата на Саудијците предизвика ентузијазам во нивната земја, па кралот Салман реши утрешниот ден – среда да ја прогласи за државен празник за да го прослави големиот триумф.

Одлуката се однесува и на приватниот и јавниот сектор, како и на учениците и студентите во сите фази на образованието.

Саудиска Арабија охрабрена од сензационалната победа ќе се обиде да оди чекор понатаму и да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Остануваат уште натпревари против Полска и Мексико.