Формирањето на Специјалното јавно обвинителство било оправдано од реални причини, а неговото постоење било временски ограничено, независно од начинот на кој завршило неговото работење. Ова го истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во ексклузивното интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.
Осврнувајќи се на работата на СЈО, Савески посочува дека причините за неговото формирање биле реални и дека обвинителството имало свој период на функционирање и постапување.
Тој додава дека завршницата на СЈО била обележана со настаните поврзани со обвинителката која го раководела, но нагласува дека мандатот на ова обвинителство бил однапред определен и временски ограничен.
Според Савески, станувало збор за ад хок решение, со однапред утврден период на постоење, поради што неговото времетраење било познато уште од самиот почеток.
