СДСМ и ДУИ не можат да бидат едно! – Беџети изразот на Груби го нарече гаф

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова го изјави Артан Груби од ДУИ, на денот кога беше избрана новата Влада, а тој беше назначен прв Вицепремиер. Но дали се едно СДСМ и ДУИ, кои влегоа во четвртата година од заедничкото владеење? Сепак, не сите во ДУИ мислат така.

ТВ21: Дали постојат очекувања ДУИ и СДСМ да станат едно?

Блерим Беџети: Не, не… Кој и да кажал такво нешто тоа го кажал или од мерак или од незнаење.

Изразот „едно сме“ Беџети го нарече гаф. Тврди дека меѓу двете политички субјекти има многу разлики, но треба да се наоѓаат заедничките точки. Дека не можат да бидат едно, како пример тој го спомна градоначалникот на Центар, кој изјави дека не ја признава независноста на Косово.

ТВ21: Но, не сте ниту против тоа „едно“, ако ми дозволите, да кажам политички, и тоа да помина така скриено и од Влада и од пасртијата.

Беџети: Одредени  поединци можат да се произнесат на разни начини.

ТВ21: Тие поединци се од партии…

Беџети: Но меѓутоа, тоа не го изјави претседателот г. Али Ахмети, значи тоа е лична изјава.

ТВ21 побара појаснување и од Груби, но од неговиот кабинетот ни рекоа дека Груби не ја следел емисијата и не може да коментира изјави кои не ги слушнал и читал, посебно без да се земе предвид контекстот на разговорот.

Огранокот на Сарај во сегашниот владин кабинет има еден заменик министер и ниту еден министер, а огранокот од Чаир има две високи функции и тоа Прв вицепремиер и Министер за надворешни работи. Тоа предизвика и незадоволство во ограноците, а се збори и за таканаречена „Огнена група“.

Беџети: Сме во период кога реално секоја Влада има 100 дена… треба да се даде можност…

ТВ21: Значи зборувате за примирие? Дали има примирие меѓу незадоволните? Дури во јавноста групата има и име „Огнена Група“…

Беџети: Не знам… не знам… искрено не знам…

ТВ21: Но вие се насмеавте!

Беџети: Името ми изгледа интересно…Сарај гласаше за една програма, еден тим, граѓаните на општина Сарај, со оглед на тоа дека јас раководев со штабот на ДУИ таму, тие гласа за програма, тим, и четири годишна агенда  на Албанците, предводено од претседателот Али Ахмети….

ТВ21: Многу ги генерализирате работите…

На крајот Беџети ја спомна и интерпелацијата. Не рече дека такво нешто треба да има во актуелната Влада, но само додаде дека како правник ги објаснува постапките, дека во првите 100 дена Владата не се допира, но потоа може да се бараат објаснување за постапките.