СДСМ изборната кампања ја започна од Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ вечерва изборната кампања ја почнува од Битола каде што се одржува  и централен митинг.

Претходно лидерот на партијата Зоран Заев беше во посета и на општина Демир Хисар.

Кандидатот за градоначалник на општина Битола во изјава за медиумите вели дека заедно со советничката листа се подготвени да го понудат најдоброто за општината.

Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври официјално почна од денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ.

ДИК, потврди 300 листи за градоначалници и 576 за советници. Политичките партии и независните кандидати ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи.