СДСМ избра ново раководство – Димитар Ковачевски нов мандатар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По долга расправа Социјал-демократите избраа ново раководство на партијата.

Потпретседатели:

  • Перо Костадинов
  • Стефан Богоев
  • Фатмир Битиќи
  • Бисера Костадиновска Стојчевска

Генерален секретар:

  • Миле Зечевиќ

Четири потпретседатели и генерален секретар ќе имаат задача во идниот период да ја обединат партијата. Нови членови има и во извршниот одбор.

„При изборот на нови членови на извршниот одбор и за нови потпретседатели се раководев од тоа во тимот да имаме искусни луѓе препознатливи по својот ангажман во СДСМ, но и млади луѓе кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности. Сакам да ви ги претставам луѓето кои во наредниот период заедно со мене ќе работат, рамо до рамо да го обединиме членството, да ја зајакнеме партиската организација и да се вратиме победничките патеки“, истакна Димитар Ковачевски.

Заменик претседателката во партијата Сања Лукаревска го продолжува својот мандат, а нова функција во СДСМ добива и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој ќе биде задолжен за меѓународната соработка. Покрај него, тројката нови секретари во партијата ја заокружува и Вангел Андрески, кој е нов организациски секретар.

Како што вчера објави ТВ21, Ковачевски новите лица пред сопартијците ги претставил како луѓе кои не доаѓаат на функција за да се реализираат, а се пожалил исто така и дека цело раководство е во оставка по заминувањето на Заев, па немало кој да го брани од нападите на ВМРО-ДПМНЕ.

Исти луѓе – исти вредности. Заевизмот продолжува – реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

„Во СДСМ ништо не се менува. Исти луѓе исти вредности. Составот на луѓе во раководството на СДСМ е состав на луѓе кои направиле пакт со заевизмот, а тоа ништо добро нема да и донесе на Македонија. Пиунот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да твори случај против Заеви за огромниот рекет. Заеви се вмешани во најголемите криминали во Македонија“, вели Драган Ковачки.

Од СДСМ најавија дека партијата ќе се реформира и реорганизира, а истакна и дека ќе се формира Совет за креирање и имплементирање политики. Ова тело ќе има задача да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи поранешниот потпретседател на СДСМ Игор Ивановски.