СДСМ: Мицкоски работи за вирусот, против системот, против државата, против лекарите, против граѓаните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ со соопштение се огласи по повод објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој со видео посочи дека земјата е прва по смртност. Од СДСМ велат дека Мицкоски работи за вирусот, и дека е против здравствените работници и против граѓаните.

„Се што ВМРО-ДПМНЕ прави во време на пандемијата со коронавирусот е црна кампања против здравствениот систем, поткопување на сите напори за ублажување на последиците од кризата и ширење лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.Христијан Мицкоски продолжува да работи за вирусот, а против здравствениот систем, против лекарите и против граѓаните.

Мицкоски работи за вирусот со масовно прекршување на мерките за заштита на здравјето, со одење по теретани и ресторани кога тоа е забрането.ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем со кочење финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата.Вело Марковски лажно ги клевети здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советува граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.

Мицкоски ширеше лажни вести дека нема доволно тестови, креваше страв и паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема.А згора на се, ја злоупотребува смртта на граѓаните ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.

Граѓаните знаат кој изминатите девет месеци пожртвувано се грижи за здравјето, а кој тера политикантство.Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се во опозиција и таму ќе останат уште долго.“, соопштуваат од СДСМ.