“Мицкоски и Кочоска додека беа во ЕЛЕМ правеле пустош со народни пари“, велат од опозициската СДСМ. Организацискиот секретар на Социјалдемократите, Мартин Костовски, објави сметки и фактури од времето кога министерката Гордана Димитриеска-Кочоска беше директорка за финансии во ЕЛЕМ, додека премиерот Христијан Мицкоски беше директор на истата државна компанија. Тој ги обвини дека несовесно ги трошат јавните пари за ручеци и вечери во рестораните во земјава и во соседните земји.
Објавена е и фактура за угостителски услуги од 110 илјади денари во ресторан во Скопје. Костовски открил и фактура од 38.000 денари од ресторан во Брвеница, исто така потпишана од Кочоска и Мицкоски. Според пратеникот на СДСМ, истите тие двајца високи извршни функционери не ја одобруваат минималната плата од 500 евра, што ја бара Синдикатот на работниците.
Прашавме во Влада и Министерството за финансии но до сега не добивме одговор или реакција од кабинетот на премиерот Мицкоски и кабинетот на министерката Димитриеска Кочоска.