СДСМ: Никој не верува во лагите на Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од владеачката партија велат дека на протестите на ВМРО-ДПМНЕ се случува дебакл, односно дека нема повеќе луѓе кои веруваат во деструкциите на опозицијата, и дека на блокадите се присутни само лидерот Мицкоски и неговите соработници.

„Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции.
 Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.
 Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.
 ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски“, велат од СДСМ.