СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на Република Северна Македонија. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите“, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов по новинарско прашање во врска со статусот и изјавите на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој потенцираше дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Македонија коишто се ставени во изолација

„Мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството“, додаде Костадинов.