СДСМ со реакција: ВМРО-ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од политичката партија СДСМ стигна реакција по повод соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за смртта на младиот ракометар Денис Тот.

„Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ? МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана. А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, велат од СДСМ.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека МВР за два дена го променило ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот и запрашаа „дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: