СДСМ за избори, за ВМРО-ДПМНЕ се уште е рано – избори ќе има кога ќе биде безбедно здравјето на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако официјалните ставови на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  рано е за одржување на парламентарните избори, деновиве продолжува да се лецитира околу можниот датум кога тие би се одржале. Од партиите велат дека во моментов на прво место е здравјето на граѓаните кое е под закана од коронавирусот.

За потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, одржувањето на парламентарните избори воопшто не им е во приоритет.

„Нечовечки е и недостоинствено тоа што го прави СДСМ во овој момент. Луѓе секојдневно заболуваат од корона вирус, умираат, а тие да зборуваат за избори. Така што ова однесување е надвор од секоја пристојност“, истакна Александар Николовски.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната прес конференција истакна дека  изборите ќе се одржат во прва прилика кога здравството и епидемиолозите ќе кажат дека е безбедно.

„На база на сите стручни анализи, на база на епидемиолошките извештаи да се носат одлуките и во првиот можен рок да има избори и функционално собрание“, посочи Љупчо Николовски.

Според ДУИ изборите треба да се одржат како предвидуваат законските рокови, додека пак Алијансата на Албанците предлага одржување на избори во јули.