Се бара ЕУ да им воведе визи на Грузијците, Украина планира санкции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Холандија побара од ЕУ да воведе визи за Грузија, суспендирајќи го безвизниот режим. Ова го побарал министерот за надворешни работи, после одлуката на Владата да ги стопира преговорите за влегување во ЕУ.

Шефот на дипломатијата Каспар Велдкамп изјави дека официјално ќе бара од ЕУ укинување на безвизниот режим, порачувајќи дека „треба да и се испрати јасен глас на грузиската влада дека патот кој го одбрале има свја цена“.

Исто така кажа дека ќе побара од ОБСЕ да го истражи дејствувањето на владата во Грузија. Граѓаните на оваа земја моментално можат туристички без виза да патуваат во земјите од ЕУ.

Во исто време, претседателот на Украина, Володомир Зеленски објави дека ќе бидат воведени санкции за Грузија.

„Владата на Грузија ја турка земјата во очигледна зависност од Русија и се спротивставува на интересите на нејзиниот народ“, рече Зеленски.